Guardian Angels MC – Погледни двапати, спаси Живот

Мото Клубот Guardian Angels MC во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба, Општината Гази Баба и други, во кругот на клубот и клупските простории, по втор пат ќе организира показна вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите како дел од проектот  „Погледни двапати, Спаси Живот“.

Показната вежба ќе се одржи утре, 13.04.2024 година, во 12 часот.. Организацијата е од отворен карактер и добредојдени се сите лица и мото клубови кои сакаат да присуствуваат на оваа едукативна вежба каде преку симулација ќе се прикаже правилно укажување прва помош при сообраќајна несреќа, повреден моторџија! Присутните на ваков начин преку практични примери ќе можат да ги подобрат или обноват своите познавања од сообраќајната култура.

По завршувањето на вежбата, во 13 часот, ќе биде организирано Едукативно Предавање за Сообраќајна едукација на млади лица (од 14 години) и за сите оние кои сакаат да почнат да возат мотор. Guardian Angels MC ги поканува малолетниците да дојдат со своите родители, старатели, да видат со какви предизвици ќе се соочи нивното дете во сообраќајот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER