Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85%. Така, од полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден денар додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит. Новата цена на горивата е следна:
ЕУРОСУПЕР БС-95 79,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 81,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 71,00 ден/лит.


