Трендот на намалување на малопродажната цена на горивата продолжува. Со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 1,79%. Најмало поевтинување, од половина денар, е за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за еден денар, додека најголемо намалување, за два денари е кај ЕУРОСУПЕР БС-98. Од утре, 11.09. во малопродажбата ќе важат следните цени?
ЕУРОСУПЕР БС-95 74,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 76,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 68,50 ден/лит.


