Gordon Murray – T.50s Niki Lauda

Занимливости

Во чест на легендата

Конструиран исклучиво за на патека, дериватот на Т.50ѕ го слави австрискиот ас!

објавено 23. февруари 2021

Познат по својот дизајн и инженеринг Гордон Мари за прв пат го претстави својот суперавтомобил замислен за користење исклучиво на патека. Развиен е паралелно со Т.50, суперавтомобилот Ники Лауда врз основа на Т.50 е замислен и дизајниран да понуди врвно возење на патека.

Тежок е само 852 кг и ќе го движи значително редизајнирана верзија на 3.9 литарски V12 мотор направен од Coswort, со 725 коњи и постигнува 12.100 вртежи во минута. Тие се пренесуваат преку ново дизајнираниот шест брзински менувач Xtrac. Напредната аеродинамика потпомогната од 400 милиметарски вентилатор, ќе произведе до 1500 килограми потисок за оптимални перформанси на патеката. Се планира да се произведат само 25 примероци од лимитираната серија која го носи името на Ники Лауда, три кратен шампион во Формула1. Воедно Гордон Мари беше пријател и соборец со легендарниот Австриец. Супер автомобилот ќе почне да се произведува во јануари 2023  со цена од 3,1 милиони фунти без данок.