Goodyear – Најдобар за летни пневматици

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Цепелинот повторно во височините!

Угледниот германскиот магазин Auto Bild ја додели титулата „Производител на годината“ во областа на летните пневматици на Goodyear. Како што објаснија, новите модели на Goodyear воодушевуваат со врвните динамички перформанси. Ласкавата титула „Производител на летни гуми на годината“ е само производ од резултатите добиени на тестовите на летни пневматици во кои доминираа Eagle F1 Asymmetric 6, EfficientGrip 2 SUV и EfficientGrip Performance 2. Со оваа престижна награда, Goodyear доби дополнително признание за своите инженерски напори и технолошките достигнувања во серијата летни пневматици кои покриваат различни сегменти на пазарот. Новиот Eagle F1 Asymmetric 6 припаѓа во класата на пневматици со ултра високи перформанси комбинирајќи врвен контакт на влажни и суви површини, ефикасност, удобност и соодветност за употреба кај електрични автомобили. Пред две години, Goodyear ја освои истата титула со посебен фокус на гумата Vector 4Seasons Gen-3.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER