Opel сега и утре :: Годинава нов концепт, а во 2020-тата електричната Corsa

Годинава нов концепт, а во 2020-тата електричната Corsa

Opel ги искористи техничките денови што ги организираше во својот центар во Риселсхајм да даде блиц-поглед во блиската иднина
Објавено на 19 јуни 2018 година

Без многу детали, Opel за годинава најави нов концепт. За него е обелоденето само дека ќе се појави за неколку месеци и дека ќе го најави идниот дизајнерски јазик на компанијата. Според фотографијата може да се претпостави дека се работи за еволуција на GT концептот од 2016-та година, но тоа воопшто не е сигурно. Она што не треба да се претпоставува е дека во 2020-тата Opel ќе ја претстави електричната верзија на новата Corsa. Како модел таа ќе се појави идната година, нормално, поставена на француска платформа. Производството сепак ќе и биде во фабриката на Opel во Шпанија. Електричната верзија на Corsa ќе биде само еден од четирите електрифицирани модели на Opel кои ќе се појават до наведениот термин.

Беше кажано уште и дека се започнува заеднички развој на погонски склопови со PSA, каде акцентот ќе биде ставен на четирицилиндрични бензински мотори. Планирано е првите агрегати да бидат претставени во 2022 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER