GFG Style Peralta D – Кога некој има пари за ќеиф…

Дизајнерското студио GFG Style на Џорџето Џуџаро и неговиот син Фабрицио по нарачка на мексикански колекционер создаде единствен автомобил.

Тој е наречен Peralta D претставува ексклузивно купе со четири седишта кое ги спојува техниката на Maserati GranTurismo со драматичен дизајн инспириран од седумдесеттите години. Уникатност му е каросеријата чии панели се направени од рачно обликуван бакарен лим полиран до висок сјај.

Силуетата е ниска клинеста со остри линии и големи површини. Наместо преку конвенционални врати пристапот до кабината е овозможен со големиот подвижен склоп на покровот кој опфаќа значителен дел од горната површина на возилото. На задниот дел има два странични панела кои го олеснуваат пристапот до вториот ред седишта.

Светлосните групи со единствен облик се развиени наменски за овој автомобил а зад решетката на маската се скриени светла кои стануваат видливи дури кога ќе се вклучат.

Ретрофутуристичкиот изглед го дополнуваат ретровизорите со бакарни куќишта поставени на крилата и посебните тркала со централна навртка. Во внатрешноста се среќаваат елементи од Maserati GranTurismo –  управувачот, дигиталната инструмент-табла и двата централни екрани, но командната табла е изменета да се постигне симетрична композиција.

Посебно внимание е посветено на задниот дел на кабината каде меѓу седиштата е сместен ладилник за шише шампањско и четири бакарни чаши. Двојните издувни цевки сугерираат дека има бензински погон, веројатно со најсилната фабричка опција со трилитарски турбо мотор со 590 коњски сили.

Колку чини ова уметничко дело на тркала не е објавено. Студиото GFG Style е основано 2015-тата откако Џуџаро го продаде Italdesign на Volkswagen со што тие продолжија да развиваат автомобили со препознатливи пропорции и смел изглед кои често претставуваат современо толкување на идеите од златното доба на италијанскиот дизајн.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER