Просечната брзина на германските автопатишта е изненадување
Сите знаеме, во Германија нема ограничување на брзината на автопатиштата. Тоа звучи доста примамливо за страсните возачи, но не и за домашните – една студија од таму целосно изненадува. Според неа ретки се тие кои ја користат законската слобода да возат без лимит, испробувајќи ги своите способности и користејќи ги максимално можностите на автомобилите што ги имаат. Според студијата спроведена во идеални временски услови повеќето возачи во Германија преферираат значително помирно возење – 85 отсто од нив возат под 130 km/h која важи за препорачана брзина таму каде таа не е ограничена. Дури и под тоа – на тие делници испитувачите на германскиот институт IW измериле просечни 113,5 km/h, при што само еден отсто од автомобилите биле побрзи од 160 km/h. Како заклучок се наметнува дека е поважно сите да возат со уедначено темпо, без многу потреба од намалување на брзината или забрзувања после тоа.


