Германците најмногу му веруваат на Mitsubishi
Објавено на 24 ноември 2016 година
Според истражувањето направено од страна на светски реномираната институција за истражување на пазарот J.D.Power, најдоверлив автомобилски бренд во Германија е Mitsubishi. Јапонската марка се најде на врвот на листата на најдоверливи автомобили според студијата направена од страна на оваа институција опфаќа над 15.000 испитаници кои поседувале возила од различни марки во период од 1 до 3 години и притоа биле мерени искуства поврзани со различни проблеми со своите автомобили во последните 12 месеци. Цел на истражувањето се 177 симптоми на можен технички проблем, поделени во 8 категории: мотор и трансмисија, надворешност на возилото, искуство при возење, контролни уреди и индикатори, аудио-комуникациски уреди, седишта, греење, ладење и вентилација,како и внатрешност на возилото. Доверливоста е мерена според бројот на проблеми кои се појавиле на 100 возила, односно оние марки возила кои при истражувањето добиле помал број во листата на рангирање означува дека имаат и повисок квалитет.
Според овие критериуми, оваа година токму Mitsubishi се наоѓа на врвот на листата со најмал број на дефекти, односно со најголема доверливост кај сопствениците. Исто така, значајно да се напомене е дека просечната вредност на регистрирани недостатоци кај автомобилите изнесувала 127, но овој број кај Mitsubishi е далеку под просекот на сите автомобилски брендови кои биле опфатени со истражувањето.