Genesis – Вложува во водород

Поглед во иднината

Логичен смер

Hyundai го форсира водородот и во Genesis

објавено 04. септември 2021

Луксузниот бренд на Hyundai преку видео порака ја презентира идната стратегија за еколошка мобилност. Од 2025 година сите нови модели на Genesis ќе бидат возила со нулта емисија на штетни гасови, а од 2030 година нема да има повеќе возила со класични погони. Интересно е што Корејците не се потпираат само на погони со електрична енергија на батерии, туку и на водород. За разлика од електричните автомобили, возилата со водород може да се полнат со гориво за неколку минути, и за нив не се потребни тешки батерии, кои не само што имаат недостатоци во однос на динамиката на возење и ја намалуваат ефикасноста, туку се и сомнителни од еколошка гледна точка. Додека кросоверот GV60 ќе биде првиот модел на брендот со електричен погон следната година, на пазарот ќе излезе дериват на студијата за купе од луксузна класа X Concept со погон на водород со високи перформанси.

Погонската технологија се развива заедно со хрватскиот производител на спортски автомобили Римац. Оваа стратегија го разликува Genesis од другите премиум брендови кои сé уште тактизираат или сакаат да се откажат од истражувањето за алтернативи на електричните погони со батерии. Патем, брендот во моментов лансира во Европа четири модели кои имаат класични термички мотори со ефикасна потрошувачка на бензин и дизел.