Genesis Electrified GV70 – Во Европа во октомври

Третиот електричен модел што ни доаѓа од Genesis го комбинира целосно електричниот погон со долг дострел и богата опрема. Премиум марката на тој начин прави уште еден чекор на патот да стане производител на чисто електрични автомобили до 2025 година. Електрификуваниот GV70 има два електрични мотори кои заедно развиваат системска моќност од 320 kW, а на кратко, десет секунди преку режимот за засилување, на располагање се 360 kW. Иако по вокација теренец, Electrified GV70 забрзува од нула до 100 км/ч за 4,2 секунди. Литиум-јонската батерија има капацитет од 77,4 kWh и овозможува опсег до 455 километри според WLTP. Благодарение на архитектурата од 800 волти, батеријата може да се наполни од 10 до 80 проценти за околу 18 минути на станиците за брзо полнење од 350 kW. Стандардниот опсег вклучува 14,5-инчен инфозабавен екран, системи за безбедност од следната генерација, систем за погон на сите тркала со режим E-Terrain и електронски контролирано подвозје. GV70 може да се индивидуализира со дополнителни пакети. Опционалните карактеристики вклучуваат системи за асистенција, како што се Highway Assist II за полуавтономно возење, автоматско паркирање (RSPA), седишта Ergo Motion со функција за масажа и звучен систем Lexicon со активно сузбивање на бучавата при возење. Се очекува првите испораки да се случат во октомври, а цената започнува од 67.300 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER