Што ќе каже BYD на ова?

Полначот на Geely е побрз од ултрабрзиот на BYD

Кинезите се сериозни – откако BYD го направи својот ултрабрз полнач со моќност од 1.500 kW, Geely подготви решение од 2.250 kW. Подржан од вештачката интелигенција, тој батериите од 10 до 70 отсто од капацитетот ги полни за 4 минути и 30 секунди а до 97 отсто за 8 минути и 40 секунди. Клучно за ваквите бројки кај оваа петта генерација полначи на Geely е токму вештачката интелигенција која ја предвидува температурата 30 секунди однапред и спречува батериите да се прегреат, а со тоа и деградираат. За одржување на температурата се користи и посебен систем за течно ладење на пет точки во возилото – од полначот преку каблите до батериите. Деградацијата дополнително е намалена и со систем кој на негативната електрода испраќа микропулсеви струја која ги реактивира насобраните литиумски јони.

Звучи одлично но не секои батерии можат да го користат овој процес на полнење. Од моделите на Geely засега се подржани оние со Shendun Golden и Ultra Short Blade батерии, првите со брзина од 12C    а вторите со половина од тоа – бројката значи колку пати побрзо од својот номинален капацитет можат да се наполнат батериите. Плановите на Geely предвидуваат до крајот на годинава да се инсталираат 20.000 вакви полначи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER