Geely Coolray стигна до ѕвездени височини
Продажбата на субкомпактниот кросовер достигна еден милион примероци. Претставен во 2018 година, овој модел се продава во педесетина земји главно од третиот свет и Источна Европа.
Ги освојува купувачите со својот младешки дизајн, добрите перформанси и секако привлечната цена. Досега два пати беше обновуван а за глобалниот пазар се испорачува со 1,5 литарски турбо мотор со 172 коњски сили кој ги задоволува Еуро 6 нормите. Менувачот е седумстепен со двојна спојка а погонот само на предните тркала.
Складно обликуваната внатрешност е исполнета со богата опрема во зависност од регионите каде се продава. Иако добро навлезен во години, од Geely нема најава за негова нова генерација. Прочитајте го тестот што го направивме лани.


