GAC GS5 :: Изненадување!

Изненадување!

Салонот во Париз, таков каков што е со отсуството на петнаесетина автомобилски производители, не можеше да помине без изненадувања
Објавено на 2 октомври 2018 година

На разочарување на европската автомобилска индустрија и нејзините поддржувачи, едно од поголемите изненадувања во Париз пристигна од другиот крај на светот – од Кина. GAC GS5 му е ознаката и ако се суди според неа, ништо нема да се пресуди. Ако се суди според она што го гледаме пред нас, можеби и ќе падне некој позитивен збор. Воздржувајќи се да останеме неутрални, ќе кажеме дека кинескиот GAC Motor на салонот на автомобилите во Париз оваа година се појавува по прв пат. Плус на тоа, според официјалниот список на изложувачи тој е единствениот претставник од Кина. Можеби заради тоа, а поверојатно заради своите амбиции, добро се подготви и ги изненади посетителите на салонот со поставата, меѓу која реално најголемо внимание предизвика новата генерација на компактниот SUV GS5, кој тука ја имаше светската премиера.

Тој на прв поглед не нуди ништо ново, но со оглед од каде доаѓа, сé е ново. Бројките ќе ги изоставиме – во отсуство на цената, што и да напишеме апсолутно е сеедно. За жал, мора да го изоставиме и најбитното – како тоа GAC Motor кој со години наназад е редовен изложувач на салонот во Детроит мисли да ја освојува европската публика. Засега се познати само желбите на Кинезите, а тие се, цитираме без да коментираме: „…да се изгради силен имиџ на брендот во Европа, што претставува голем чекор кон градење бренд од светска класа и глобална компанија“.

Тоа засега би било толку да не беше еден факт – експонатите на компанијата што сака да гради силен имиџ во Европа беа заклучени и никој не можеше да влезе во нив.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER