Форте, фортисимо

Форте, фортисимо

Во моментите додека во Европа се очекува наследникот на Cee’d, Американците ја добија новата генерација на Forte
Објавено на 1 февруари 2018 година

Од гамата на Kia во САД купувачите најчесто се одлучуваат за SUV моделите, но сериозни бројки зафаќаат и седаните. Меѓу нив е и Forte, кој лани изненади со продажбата. Има и зошто, а од годинава тој е уште подобар. Употребата на атрактивните стилски решенија од Stinger ќе биде бурно поздравена, вклучително и оние на задниот купеовски дел. Помодерниот изглед го прави поголем, но Forte сепак останува компактен седан. Таму го сместува должината од 4,64 метри, Kia Forteсо која ние Европјаните поинаку би го класифицирале. Ентериерот делува забележително подобар, со поквалитетни материјали. Корејците меѓу другото споменуваат и Harman Kardon аудио систем и безжично полнење на мобилните телефони. Моторизацијата останува иста како и кај втората генерација – со дволитарски мотор со 147 коњски сили во комбинација со 6-степен мануелна или вариоматска трансмисија.

Иако немаат многу заедничко, овој модел често се споменува како американска верзија на Cee’d. Од него сепак можеме да насетиме како ќе изгледа третата генерација на европскиот компакт на Kia кој се произведува во Словачка. Според досегашните искуства можеме да очекуваме дека и Cee’d ќе има идентичен преден дел, можеби малку пософистицирано решен. Премиерата на неговата нова генерација може да ја очекуваме веќе на салонот на автомобилите во Женева. Внимание привлекуваат и гласините дека Kia ќе ја укине тривратната верзија на Cee’d, место која ќе понуди купе-караван.

Kia Forte

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER