Ford – Нова фабрика за батерии

Инвестиција од 3,5 милијарди долари

За да ја обезбеди водечката улога во електрификацијата Ford забрзано гради капацитети за производство на батерии

Од планираните вкупно 50 милијарди долари за електрификацијата Ford веднаш ќе инвестира 3,5 милијарди во нова фабрика за батерии во Мичиген која ја гради во соработка со кинескиот CATL како технолошки партнер. Наведувајќи се себе како водечки американски производител во револуцијата на електричните возила, компанијата се определи за литиум-железо-фосфатни батерии кои нудат поголема автономија, подобро работат на студено време и побрзо се полнат.

Понатаму се наведува уште дека на одлуката влијаело и тоа што се поевтини за производство, поиздржливи и подолготрајни од сегашните. Инвестицијата која ќе отвори нови 2.500 нови работни места ќе ги покаже свои први ефекти во 2026 година. Со ваков тип батерии треба да биде опремуван и Mustang Mach-E за Европа, кои ќе го направат попристапен за купувачите. Краткорочно Ford има планови наредните две години да подготви производствени капацитети доволни за 600.000 електрични автомобили годишно, кои до споменатиот термин до крајот на 2026-тата ќе нараснат на два милиони. Патем се споменува дека воведувањето на оваа батериска технологија ќе го зголеми профитот на компанијата за 8 отсто бидејќи во нивното производство во не се користат скапи репроматеријали како што се никелот и кобалтот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER