Ford започна со производство на батериски пакети во фабриката во Келн
Во својата главна европска фабрика во Келн која има скоро стогодишна традиција, Ford започна со производство на батериски пакети за Explorer и Capri. Новата дигитализирана производствена линија е дел од инвестициите вредни две милијарди американски долари вложени за трансформација на погоните за електричните модели. Со тоа се обезбеди постигнување висок стандард на квалитет, голема ефикасност и намалување на внатрешниот транспорт. Заради ускладеноста на процесот на склопување на возилата во иста фабрика битно беше тука да се организира и производството на батериски пакети за што се „вработени“ 180 нови роботи. Тие на лентата долга скоро два километри ги заваруваат, лепат и прицврстуваат со завртки куќиштата на батериите во кои има до 12 батериски модули со вкупно 2.775 поединечни делови.


