Ford забрзано го шири своето електрично портфолио иако во последните два квартали на годинава пазарот не е многу наклонет на БЕВ.
Комерцијалното лансирање е закажано за март 2025, а како најавува европската филијала на „синиот овал“ во Германија цената ќе започнува од 36.900 евра. Вешто се избегнува информацијата за големината на батеријата, но се ветува стандардна потрошувачка од 13,1 киловат часови на 100 километри, што би требало да овозможи домет од речиси 380 километри.
Моторот на Puma Gen-E произведува 124 kW и го забрзува автомобилот до 100 км/ч за осум секунди. На брз полнач доволни се 23 минути батеријата да се наполни од 10-80%. Новиот погон го зголемува волуменот на багажникот на 523 литри а има дополнителни 43 литри под предната хауба. Патничката кабина останува со истите пропорции.