Ford Performance SuperVan 4 – На Пајкс Пик ќе удираат громови

Комбе на струја за култната патека

На легендарната ридско брзинска трка Ford ќе настапи со електрично комбе со високи перформанси

Од првата трка, одржана 1916 година, Ford учествува на веќе глобално познатиот и важен настан во автомобилскиот календар.

Веднаш над Колорадо Спрингс се издигнува пат долг 20 километри формиран со 156 свиоци. Почетокот на трката е на 1.440 мнв, а целта на 4.302 мнв каде се бележи просечен успон од 7,2%. За своето 101-во учество на Пајкс Пик закажано за јуни, Ford изненади со најавата за возилото со кое ќе настапи таму. Не затоа што е целосно електрично, туку затоа што е комбе кое веќе го понесе името SuperVan4.

На претстојниот настан комбето ќе биде управувано од иконата на мотоспортот и рекордерот на патеката, Ромен Думас, кој меѓу другите значајни достигнувања е и трикратен победник на Ле Ман и има неколку рекорди на кружни патеки со електрични возила.

На Пајкс Пик постојано пристигнуваат уникатни конструкции кои се сериозни конкуренти и забавни за гледање, па затоа Ford смета дека со Performance SuperVan 4 ќе ја задоволи публиката. Годинешниот адут е заеднички направен од Ford Performance и STARD, има систем за погон на сите тркала напојуван од 50 kWh батерија со ултра високи перформанси ќелии.

Целата каросерија е изработена од композитни материјали и прилагодливо регенеративно сопирање. Конструкторите нагласуваат дека SuperVan 4 е опремен со една од најмоќните електрични погонски единици во светот, но сѐ уште не се обелоденуваат неговите карактеристики и деталите ќе бидат споделени пред да се одржи настанот закажан за во недела, 25 јуни годинава.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER