Електричното коњче фаќа темпо!
Иако дочекан на нож заради користењето на името на мускулестиот американски пони, електричниот Mustang Mach-E беше полн погодок и Ford од него за две години успеа да продаде 150 илјади примероци. Во моментов покрај во Мексико се произведува и во Кина, а е достапен само во нешто над триесеттина земји низ целиот свет меѓу кои од неодамна и Македонија. Освојувањето на нови пазари ќе продолжи бидејќи целта е годишно да се произведуваат 270 илјади примероци од него. Ford планира до 2026-тата да достигне електрична продукција на повеќе од 2 милиони возила секоја година.


