Ford Mustang Mach E – МИДА Гранд моторс ја зголеми ергелата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Дивиот електричен коњ ќе галопира низ Македонија

Увозникот за Ford за Македонија, Ми-Да Гранд Моторс ја прошири понудата на возила на „синиот овал“. Во Македонија пристигна првиот комплетно електричен спортски автомобил на Ford  со високи перформанси, Mustang Mach-E. На официјалната презентација , присутните се запознаа со овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили.

Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компактен кросовер кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење кое може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW. Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang модел кој се нарекувал Mach-1. Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно електрични модели.

Како официјален импортер и сервисер, Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија”, рече Дритон Заири, генерален директор на компанијата. Присутните во автомобилскиот центар на бул. „Босна и Херцеговина” бр.1 се уверија во големиот број Ford достапни модели, за кој од компанијата истакнуваат дека во следниот период ќе може да се купат по промотивни цени.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER