Ford Focus Active Wagon :: Караван за авантуристи

Караван за авантуристи

Ford го претстави Focus Active Wagon кој е повисок и поробусен од стандардниот караван но нема погон на сите тркала
Објавено на 22 ноември 2018 година

Што да се прави кога кросоверите се толку популарни, а во понудата се нема соодветно возило? Ford го има решението во облик на Active изведбите на класичните модели. Така, после Ka+ и Fiesta во вакво пакување е претставена и новата генерација на Focus. Основа е караванската верзија од која има поголем клиренс за 30 милиметри напред и 34 назад и на пазарот ќе се најде под ознаката Ford Focus Active Wagon. Како што од вакво возило се очекува каросеријата е обрабена со црни пластични заштити и алуминиумски инсерти, а погонот на сите тркала кои се од 17 и 18 инчни изостанува. Него го заменува електрониката која има пет режими на работа, од кои два посебно се наменети за возење по лизгави патишта и на терен.

Focus Active Wagon ќе се нуди со четири мотори, два бензинци и два дизела со моќност меѓу 120 и 150 коњски сили. Трансмисијата е 6-степена мануелна или 8-степена автоматска, а внатрешноста и опременоста во однос на обичните верзии не се менувани.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER