Ford – Fiesta

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Забавата продолжува

За прв пат откако пред пет години беше претставена, Ford детално ја обнови Fiesta.

објавено 20. септември 2021

Во моментов најмалиот модел на марката доби пософистициран изглед кој му го даваат изменетиот браник и поголемата маска. Амблемот на марката – синиот овал сега е поставен на неа, а редизајнираните светла стандардно се со ЛЕД технологија. Украсните детали на каросеријата се разликуваат во зависност од изведбата, а задните светла добија минимални промени. Тривратната верзија и понатаму останува во понудата, а задржана е и комерцијалната варијанта без задни седишта.

Редизајнот ја зафати и внатрешноста во која дигиталната инструмент табла го менува изгледот во зависност од избраниот режим на возење. Централниот екран е поголем, а инфо-забавниот систем поддржува повеќе начини на конективност. Возачот далечински преку телефон може да го отклучи, заклучи или стартува возилото а опременоста е дополнета со денес незаобиколните електронски асистенти и безбедносни системи. Меѓу нив се и предупредувањата за возило во на мртвите агли и влегување во погрешна насока на сообраќај. Најслабиот агрегат е исфрлен од моторната понуда и таа сега започнува со 100-коњската верзија на еднолитарскиот EcoBoost.

Неговите изведби со 125 и 155 коњски сили се опремени со блага хибридна технологија со која се подобрува ефикасноста. Врелата ST верзија и понатаму располага со 200 коњски сили, но со повисок и пошироко распореден вртежен момент кој ѝ дава поголема живост. Цените за обновената Fiesta сé уште не се објавени, а првите испораки се предвидени за почетокот на идната година.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER