Ветувањето дека ќе смени сé ќе започне да го остварува со цената од 28.350 долари
Ford објави дека неговиот иден електричен пикап ќе ја носи ознаката Fathom. Ќе биде прв од низата модели поставени на новата универзална платформа, а ќе започне да се произведува на почетокот на идната година. Модерен и сестран, овој пикап од средна големина ќе има пространа кабина во која ќе можат да се сместат пет лица. Покрај отворениот заден дел, како што е вообичаено за електричните возила место за товар има и напред под хаубата. Од техничките карактеристики се знае дека ќе подржува двонасочно полнење и ќе има хардверска поддршка за автономно возење. За сé друго вклучувајќи го и изгледот публиката ќе мора уште малку да се стрпи.


