Кога се споменува Ford Explorer првата асоцијација е големо спортско корисно возило и, меѓу другото, омилено возило на американските полицајци. Тоа во САД има специфична тежина па затоа е избрано како знак на американското наследство и духот на авантурата за кого името Explorer е синоним. Така „синиот овал“ го објаснува превземањето на името за развиениот во Германија електричен кросовер. Ford Explorer, сепак, е многу поразличен од неговиот американски именик.


