Ford Edge – обновен

Вести Новитети

Најумен во класата

Електрониката на прво место

објавено 03 ноември 2020

Средното по големина спортско-корисно возило од асортиманот на Ford во Европа поминува испод радарот додека во родната му Америка бележи сосема добри резултати. Иако нема многу што да се доправа и преправа кај Edge сепак дојде време за редовно освежување кое е минималистички изведено на надворешноста додека производителот има полна уста фалби за она што е ставено во внатрешноста. И таму дизајнот не е драстично сменет но вградени се нови конективни и инфо забавни системи кои се контролираат преку новиот екран осетлив на допир. Тој е најголем во класата, има 30 цм во дијагонала, а преку него може да се командуваат сите функции на новиот SYNC 4A конективен систем кој сега, покрај  Android Auto и Apple CarPlay, може да биде Wi-Fi станица за опслужување на кабината, отсликувач на најновите технологии кои му помагаат на возачот наречени Co-Pilot360 и можноста за поврзување на ”облак” од каде ќе бидат достапни бази на податоци. Тоа го прави обновениот Ford Edge еден од најпаметните спортско-корисни возила на американскиот пазар.  Од рестајлингот во игра се враќа и ЅТ -Line нивото на опременост подржан од 2,7 литрениот  EcoBoost кој испорачува 335 коњи и користи 93 октанско гориво. За сега не се споменува стариот континент и дали воопшто ќе се аплицираат овие остварувања. Факт е дека Edge не е меѓу најпродаваните спортско-корисни возила во својата класа во Европа, но не е веројатно дека Ford ќе се помири со тоа.