Доставата на пратки еколошка
Поштенската служба на Соединетите Држави набавува електрични комбиња
Согласно планот за одржлива иднина најголемата поштенска служба во САД, USPS, потпиша договор со Ford за набавка на 9.250 електрични комбиња. Според извори од Ford испораката на E-Transit ќе започне годинава, а последниот ќе биде врачен до крајот на 2024-та.
За потребата на својата електрична флота USPS ќе инсталира 14.000 полначи. Планот за распоредување на инфраструктурата за полнење и возилата ќе се утврдат со планот за модернизација на мрежата за испорака низ целата земја кој моментално се финализира. Поштенската служба е под капата на државата чија администрација се залага за брза транзиција на државниот возен парк на ЕВ.
Вкупната инвестиција на Поштенската служба во возила се очекува да достигне 9,6 милијарди долари до 2026-та. Напорите за електрификација до 2028 година и за возилата и за инфраструктурата за полнење ќе резултира со вкупно 66.230 електрични доставни возила и вкупна набавка на 106.000 возила за испорака.


