Нема нескротлив терен!

За докажаниот теренец Ford подготви специјално издание

Моделот Bronco го доби името како синоним за нескротлив коњ. И денеска, во изведбата Raptor, неговиот карактер остана ист, но сега секој терен може да се скроти. Оваа верзија ќе го оптерети и онака распродаденото производство на Bronco и сестринскиот модел Bronco Sport.

 

Испораката на првите примероци на Raptor ќе започне во средината на 2022 година. Опремен е со три литарски V6 мотор со турбо полнач. Шесте цилиндри се доволни да произведат моќност поголема од 400 КС кои се пренесуваат на сите четири тркала преку десетстепен автоматски менувач. Задолжителна не е само автоматиката, туку и каросеријата со четири врати. Можеби ова е невообичаено за врвна спортска верзија, но Ford тврди дека изведбата со две врати првенствено е наменета како буџетно решение од почетно ниво.

Обемниот теренски пакет го предодредува новиот модел за екскурзии на екстремен терен каде доминира со неговата робусност. Поголемото растојание од тлото, масивните пневматици и странично поставените издувни гранки се дополнителен аргумент на проодноста. Имајќи во предвид дека само мал дел од времето ќе се користи за алпинистички мисии, вградени се системи за асистенција калибрирани за секојдневно користење во регуларен сообраќај. Цената во САД би требала да биде нешто повеќе од 60.000 долари што го става во друштво на искусна конкуренција како V8 верзиите на Jeep Wrangler и Land Rover Defender.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER