Ford – Три нови електрични кросовери до 2024 година

Дали Форд Модел Е ќе биде како Модел Т?

Европската филијала на Ford објави дека со новото бизнис одделение наречено Ford Model e ќе испорача три нови електрични кросовери до 2024 година. Од „синиот овал“ информираа дека потпишале договор со групацијата VW за да ја обезбедат МЕВ платформата за електрични возила која ќе биде основа за две од трите најавени новитети. Тие ќе се произведуваат во Келн која моментално поминува низ трансформација тешка 1,6 милијарди евра за да стане фабрика за електрични возила со сопствено производство на батерии. Спортско корисното возило од средната класа по големина ќе биде комерцијално лансирано следната година, слично на VW ID.4. Сосема е извесно дека сетот батерии ќе има моќност до 77 kWh и се најавува дострел до 470 километри. Платформата може да поддржи конфигурации на погон на задните или сите тркала и сила на мотори од 140 до 300 коњи. Вториот електричен модел од Келн се најавува за 2024 и се опишува како спортски кросовер и ќе има нов светлосен потпис. Првиот човек на европската филијала на Ford, Стјуарт Рули, уверено изјави дека е уверен новите производи иако ја делат основата со VW ќе имаат возни својства и изглед во согласност со имиџот на Ford. Покрај овие два новитети марката ќе воведе електрична верзија на Puma која ќе се произведува во Романија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER