Fiat Uno (дефинитивно) оди во пензија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во пензија после 37 години стаж

објавено 23 декември 2021

Fiat Uno кој ќе го паметиме како стожер на легендарните мали модели на Fiat, после 37 години стаж дефинитивно ќе отиде во пензија. Моделот кој ние го познаваме под тоа име нé напушти во ’95-тата, но продолжи да живее уште во Турција, Филипините и Мароко, за во Бразил да опстане како типична тамошна мешавина на стара механика со модерен дизајн. Оваа формула е успешна затоа што во целост е прилагодена на локалните услови – старата механика е на цена затоа што е издржлива и полесно се справува со лошите патишта и слабото одржување, истовремено не лишувајќи ги Бразилците од можноста да се пофалат дека возат убав и навидум модерен автомобил.

Како и да е, на сето тоа сега му дојде крајот – последните 250 од вкупно произведените 4.379.356 примероци веќе се на пат кон своите купувачи кои за нив ќе платат по околу 13.200 евра. За тие пари ќе добијат посебно препознатливо возило во сива нијанса на надворешноста во комбинација со темно обоени 14-инчни тркала, наречено Uno Ciao и видно означено со налепница со натпис La Storia Di Una Leggenda, односно приказна за една легенда. И опремата е малку побогата, а моторот е 1,0 литарски Firefly бензинец со 72 KS.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER