FIAT Topolino – Електричното глувче

Topolino го оформува триото електрични квадрицикли на групацијата Stellantis

FIAT го претстави името и иницајлиот изглед на својата интерпретација за одржлива урбана мобилност. Иако е идентичен со донаторот Citroen Ami и некој месец претходно претставениот Opel Rocks Electric, италијанскиот близнак е идентичен производ, но тој е најшармантен. Можеби е поради името кое се поврзува со историјата исполнета со слатки сеќавања на безгрижното живеење. FIAT го претстави Topolino во далечната 1936 година.

За тогашните услови во Италија тоа беше автомобил што ветува слобода на движење, подеднакво употреблив во урбана средина и на лошите патишта кои ги поврзуваа градовите на апенинскиот полуостров. Неполни девет децении по лансирањето на овој иконски модел, се појавува неговата модерна реинкарнација. Таа, како и своите близнаци, наменета е за употреба во урбаната средина со мисија тоа да се оствари најеколошки, најпрактично и да биде најдостапна за сите. Со својата батерија од 5,5 kWh и сила од 6 kW ќе има дострел од 75 километри со ограничена максимална брзина од 45 км/ч. Но, кога е во името на чистата животна средина и чалам, и тоа е доста!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER