По лансирањето на електричната и хибридната изведба на сцена доаѓа и третата, Panda со бензински мотор.
Како што и самите претпоставувате станува збор за 1,2 литрениот три цилиндерски турбо агрегат впарен со шест степен мануелен менувач со старт-стоп систем кој треба да ја максимизира економичноста.
Тој произведува 100 КС и 205 Nm. Со оглед дека погонот е проверен и едноставен, оваа верзија треба да биде и најевтина од трите. За новата изведба понудени се три нивоа на опременост.
FIAT Panda низ своите генерации изгради одличен имиџ и популарност, особено кај купувачите што сакаат едноставност и пристапна цена. Овој заклучок важи и за нашиот пазар, па податокот дека во Македонија Panda со само со бензински мотор треба да пристигне во почетокот на идната година ќе израдува многумина.


