Fiat Grande Panda – нови детали

Fiat и официјално ја претстави Grande Panda

Дојде време љубопитноста целосно да се задоволи – покрај новите технички детали, Fiat за прв пат ја покажа и внатрешноста на Grande Panda, автомобилот со кој неговите креатори се гордеат како римејк на легендарната Panda која е исто толку дел од италијанската култура како и пицата и тестенините. Но нема да го носи италијанското знаменце бидејќи како што знаеме ќе се произведува во Крагуевац, а можеби и во Мароко.

Како и своите полубраќа од поширокото семејство на Stellantis, и Grande Panda ќе ги има истите клучни карактеристики. Со батериите од 44 kWh според прелиминарните податоци ќе може да помине до 360 km, додека перформансите кои ќе ги обезбедува електромоторот од 113 KS сé уште не се објавени. Покрај електричната верзија Grande Panda ќе се нуди и како благ хибрид со 1,2 литарски трицилиндричен мотор со вкупно 100 KS. Засега не е најавена верзија со погон на сите тркала која би ја заменила легендарната Panda 4×4, но шансите за тоа се мали.

Внатрешноста на Grande Panda просто вриска со младешки дух, инспириран од модерното со потсетување на минатото. Во неа владеат овалните облици кои треба да потсетат дека Fiat на покривот на некогашната фабрика Лингото има тест патека. Контрастните материјали, ткаенините со изразена текстура и светлата пластика создаваат релаксирачки амбиент, а комбинацијата на бои доловува впечаток дека е автомобил за сите луѓе. Дигитализацијата е комбинирана од два екрани, а двокракиот управувач е ретро стилизиран.

Најавените цени ќе стартуваат од 19 илјади евра во Италија за хибридната и 25 илјади за електричната варијанта, а возбуда преку Атлантикот донесе и објавата дека ќе биде глобален модел и меѓу другите  региони ќе се продава и во Северна Америка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER