Во име на традицијата и профитот

Со E-Ulysse, FIAT се враќа во сегментот на многу-наменски возила

Соработката помеѓу РЅА и FIAT датира од раните 90-ти години на минатиот век. Тогаш на пазарот имаше четири модели, секој носеше различно име и марка, но во суштина имаа минорни разлики. Оваа соработка продолжува на полето на адекватни електрични верзии, веќе претставени од Peugeot, Opel, Citroen и Toyota. Сега им се придружи FIAT со својот Ulysse додавајќи италијански шарм на оваа петорка. Тоа значи дека има избор од два капацитети на батерии, 50 и 75 kWh, кои овозможуваат досег до речиси 330 километри. E-Ulysse е придвижуван од електричен мотор на Stellantis со 100 kW. Како и кај сестринските модели, максималната брзина е ограничена на 130 km/h. Заедно со модуларноста на ентериерот и неговиот капацитет за сместување до 8 лица, овие карактеристики го прават погоден за служба за хотели, такси и ВИП трансфери. Новиот E-Ulysse стандардно е опремен со систем за брзо полнење од 100 kW и потребни му се само 45 минути за полнење на батеријата до 80%.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER