На мала церемонија во фабрика Тиши обележан е стартот на 600e
Иако се проиведува во Полска, новиот 600е не ја заборава матичната земја. Првиот примерок што излезе од монтажната лента е обоена во бојата „Портокалово – Сонцето на Италија“. Како што доликува, првородениот е накитен со највисокото ниво на опременост La Prima. Него го движи електричен мотор од 115 kW кого го храни батерија од 54 kWh што овозможува автономија од околу 400 километри. За жал, времињата кога малите возила на FIAT бе достапни и евтини се далеку зад нас. Во ЕУ цената на 600е започнува од 36.490 евра.