Лани малиот струјаџија го повтори успехот од 2022 година
FIAT 500 Electric го задржа лидерското место во продажбата на стариот континент во категорија на БЕВ во A/B сегментот. Во 2023 година, речиси 65.000 клиенти во Европа се одлучија да го купат италијанскиот електричен автомобил и, како и претходната година, тој е најпродаваниот мал електричен автомобил во Европа со пазарен удел од 14,7 проценти.
Првото место во овој сегмент го зазеде и во Германија, Италија, Шпанија, Белгија и Австрија. Во споредба со 2022 година, пазарниот удел на Fiat 500 Electric се зголеми за 0,3 проценти. Севкупно, најпродаваното електрично возило на Stellantis Group забележа продажба од повеќе од 185.000 единици ширум светот од неговото лансирање во 2020 година и моментално се продава во 44 земји.