FIAT 500 – две емотивни трансформации

Новитети

Scorpionero & Monster Energy Yamaha

 

Hа пазарот доаѓаат уште два конкурентни спортисти базирани на серијата 500, и тие покажуваат дека малиот FIAT има големи амбиции!

објавено 21 септември 2020

„Цивилниот“ FIAT 500 се радува на помалку возбудливата електрична иднина, но дека може да направи и нешто друго, покажува специјалната серија Abаrth, која излегува од Торино во, горе-долу, редовни интервали. Abarth 595 Scorpionero потсетува на Autobianchi A1 12 Targa Oro, кој бил произведен само во 150 примероци во далечната 1979 година. Според идеите на креативците од Abarth, специјалниот модел главно е облечен во црно со златни украсни елементи и исто така во златна обоени 17-инчни бандажи, кои сепак можат да се сменат за посуптилни црни тркала со златна скорпија. Клиентите кои бараат порезервиран изглед исто така можат да нарачаат „црна скорпија“ во сина, бела или сива боја. Црната е исто така доминантна боја во ентериерот, вклучувајќи златен беџ на централната конзола. Италијанците сакаат чалам и затоа возачот во секоја можна точка се потсетува дека управува со Scorpionero. Ова исто така важи и за акустичната импресија, бидејќи звукот е позајмен од тркачки мотор. Забавата за време на возењето ја обезбедува аудио систем со моќност од 450 вати, што јасно треба да го надгласа моторот.

Инфо-забавата со Uconnect за Apple Carplay и Android Auto е исто така стандардна. Под кратката хауба се користи 1,4 литарски турбо мотор, кој го забрзува малиот автомобил од нула до 100 км/ч за седум секунди благодарение на неговите 165 коњи. Максималниот вртежен момент е 230 Nm при 2250 вртежи. Енергијата се пренесува или со рачен или со автоматски секвенцијален менувач. Abarth наведува дека потрошувачката е 6,8 литри, а  максималната брзина е 218 км/ч. Подвозјето е дизајнирано според перформансите бидејќи желбата била да се постигне возачко однесување како на тркачки мотор токму поради вториот специјален модел кој ја дели истата механика  595 Monster Energy Yamaha.

Со него Италијанците ја слават соработката со јапонскиот производител на мотоцикли што постои од 2015 година. Спонзор на името е познатиот енергетски пијалак Monster кој на и во каросеријата е обележен со бројни налепници. 595 Monster Energy Yamaha од Scorpionero се разликува на задниот дел преку четирите издувни цевки на издувниот систем Record Monza. Во ентериерот доминира сината, а логото на чудовиштето ги украсува и двете спортски седишта напред. Двете изведби ќе се произведат во ограничена серија од по 2000 примероци секоја и тоа 595 Scorpionero по цена од 25.850 евра а ценовникот на Monster Energy Yamaha започнува од 23.873 евра.