Fiat 124 Spider :: Потклекнува ли италијанскиот атлет?

Занимливости

Потклекнува ли италијанскиот атлет?

Fiat го повлекува 124 Spider од британскиот пазар
Објавено на 9 јануари 2019 година
Автор: Жарир Филип Хамдан

Тргна со големи амбиции, а се повлекува на мала врата – Fiat неочекувано го исфрли 124 Spider од својата понуда во Велика Британија. Причините официјално не се објавени, но ги има повеќе. Првата е дека отворениот атлет е поскап од сестринската Mazda MX-5. Заради тоа и продажбата не му е сјајна – во првите десет месеци лани од него во Европа се продадени само 6.600 примероци. Во исто време, Јапонците пласираа скоро двојно повеќе од својот спортски двосед. Најверојатно сепак е тоа што неговиот 1,4 литарски турбо мотор има проблеми со новите WLTP стандарди, заради што Италијанците повеќе не го нудат во Alfa Romeo Giulietta и Jeep Renegade.

Fiat го лансираше 124 Spider како модел кој ќе му го врати некогашниот имиџ. Требаше да биде и отскочна штица за освојување на американскиот пазар. Се произведува заедно со MX-5 во фабриката на Mazda во Хирошима.

клучни зборови: ,