Maserati Levante Trofeo :: Ferrari тивко влезе во SUV класата!

Ferrari тивко влезе во SUV класата!

Maserati Levante Trofeo под хаубата крие 3,8 литарски V8 мотор од Ferrari
Објавено на 30 март 2018 година

Новиот Maserati Levante Trofeo слободно можеме да го наречеме и Ferrarino. Направен е да се пресмета со помоќните од него заради што срцето му е борбено, со потпис на Ferrari. Има 3,8 литри работна зафатнина и 590 Maserati Levante Trofeoкоњски сили распоредени во V8 формација. Црвената душа ќе му овозможи забрзување до сто за само 3,9 секунди и максимална брзина поголема од 300 km/h. Освен перформансите на ниво на спортски автомобил, адут на Levante Trofeo е и дизајнот. За агресивната појава придонесуваат новиот браник, Matrix LED светлата и масивна маска. Црни детали ги менуваат хромираните делови, а четирите издувни цевки откриваат дека станува збор за лут модел.

Внатрешноста е во ист стил, со спортски седишта, карбонски инсерти и нова инструмент табла со ознака V8. Сигурни сме дека неговиот звук е музика што сакаат да ја слушаат многумина, но сепак Bowers & Wilkins за овој Levante подготви врвен аудио систем со 17 звучници. Додаден е уште еден режим на возење наречен Corsa, кој има и Launch control функција за експресно стартување од место. Во него моторот подобро реагира, а ослонувањето е пониско и потврдо. Производството ќе му започне налето.

Maserati Levante Trofeo

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER