Не официјално, туку преку сив увоз
Една германска компанија се реши на ризичен но очигледно исплатлив потег – го понуди AUDI E7X во Германија. Станува збор за фирма која исто така неовластено веќе ги продава моделите на Xiaomi, Huawei и Li Auto, што само по себе значи дека имаат направено добра анализа на ризиците. Во донесувањето на одлуката секако огромно влијание имала и цената која тие ја поставија на 86.800 евра што е значително повисоко отколку во Кина каде овој модел се продава меѓу 34.400 и 51.300 евра. Но сепак и покрај тоа AUDI E7X е поевтин од неговиот европски еквивалент SQ6 e-Tron за 8.000 евра а воедно и понапреден.
На ред се купувачите кои треба да бидат свесни дека овој модел развиен во соработка со SAIC Motor е наменет за кинескиот пазар што значи дека и покрај сите добиени хомологации некои системи и функции веројатно нема да работат. Прашање ќе биде и гаранцијата односно способноста на импортерот да обезбеди сервис и резервни делови. Сигурно ќе реагира и Volkswagen групата која ќе се обиде преку судски пат да ја запре продажбата што за новопечените сопственици може да значи запленување па дури и уништување на возилото.



