Развиен за американски колекционер, CZ26 е базиран на SF90 Stradale.
Како дел од програмата „Progetti Speciali“ и дизајнирана од дизајнерското студио на Ferrari под раководство на Флавио Манцони направена е оваа уникатна креација.
Усвоена е архитектурата и динамиката на возење на SF90 Stradale, но реинтерпретиран е концептот на високо-перформансната Берлинета со уникатна каросерија. Фокусот е на минималистички, технички управуван дизајнерски јазик.
Изгледот на автомобилот е дефиниран со хоризонтални линии и изразена силуета. Централната маса на каросеријата, слична на капсула, се протега помеѓу смело извајани лакови на тркалата, давајќи му на возилото широк, стабилен став и јасно дефинирано присуство.
На предната страна, функционална решетка се протега по целата ширина, интегрирајќи многу рамни фарови, отвори за воздух за ладење на сопирачките, сензори и други технички компоненти. Вертикалниот преден раб го нагласува дискретниот, прецизен карактер на дизајнот.
Страничниот поглед следи континуирана линија што се протега од напред до назад. Таму, каросеријата завршува со јасно дефинирана опашка. Испакнатите задни светла го омекнуваат задниот поглед, додека хоризонтално нагласениот дифузер ја зголемува визуелната ширина.
Погонот остана негибнат и е хибриден. V8 моторот со помош на турбо полнач развива 797 КС и електро-моторот дополнува уште 163 кВ, сила што се пренесува преку осум степен менувач со двојна спојка.


