Ferrari ги отвори вратите на својата нова фабрика во Маранело за електрифицирани и електрични автомобили
Горди на нејзината енергетска ефикасност и климатска неутралност, раководството на компанијата објави дека во неа ќе се произведуваат возила со три вида погонски групи – со мотори со внатрешно согорување, хибридни и електрични.
Има површина од 42.500 квадратни метри, се градеше две години а во неа ќе работат околу триста луѓе. Се напојува со струја од повеќе од 3.000 соларни панели со капацитет од 1,3 мегавати а дождовницата се собира, пречистува и употребува како техничка вода.
Во организацијата на нејзиниот внатрешен простор пред сé се мислело на луѓето чии високо ергономски работни станици се прилагодливи според задачата што ја извршуваат. Ќе им помагаат и паметни роботи а 30 отсто од вкупниот простор е оставен слободен за иден развој.
Што се однесува до сé уште неименуваниот електричен автомобил кој се очекува да дебитира кон крајот на 2025 година се прочу дека ќе чини најмалку половина милион евра, што Ferrari не го коментираше.


