Farnova Othello – кинеска ракавица во лицето на Rimac

насловна Новитети

Треба ли Мате Римац да се загрижи?

На новиот кинески електричен суперболид за спринт до стотка му требаат 1,8 секунди

Објавено на 1 октомври 2021 година

Уште еден нов ден, уште еден електричен автомобил од Кина, по правило со суперперформанси. Ама овој треба да го загрижи Римац, чија Nevera не потклекна ни под бомбастичниот притисок на „староседелецот“ меѓу електричните возила, Tesla. Дека може тоа да се случи кинески електричен суперболид со ознака Farnova Othello го најавува со своите 1.835 коњски сили и неверојатни 12.000 њутн-метри вртежен момент спакувани во каросерија со дизајн кој ќе предизвика морници кај сите што го гледаат. Истото важи и кога ќе започнат да се читаат спецификациите на овој засега само прототип, во кои е наведено дека неговите два електромотора ќе го забрзаат до 100 километри на час за 1,8 секунди, а до 300 за 8,5 секунди. Максималната брзина му е проектирана на 420 km/h, а батеријата од 75 kWh наводно нуди автономија од 600 километри.

Многу бројки во кои е тешко да се поверува, исто како и во цената која е поставена на за ваков суперболид (пре)ниски 250.000 евра. Компанијата има во план почнувајќи од идната 2022 година да направи 200 примероци и да го прошири своето портфолио со уште автобус и повеќе SUV-модели и лимузини, сите на електричен погон.