Балканска работа :: Еврото поевтинува, патарините во Србија поскапуваат

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Еврото поевтинува, патарините во Србија поскапуваат

Објавено на 17 септември 2018 година

Српски патарини, македонска формула – од викендов, патарините во Србија за странците поскапеа. Како што соопштија од претпријатието Путеви Србије, причината официјално е усогласување со девизниот ценовник со важечкиот курс на еврото. Поскапувањето не е драстично, барем не во поголем дел од случаите. На пример, за патарина за автомобил од Белград до Ниш место 6,5 евра ќе се плаќа 7 евра. Но, како и сé на Балканот, и ова навидум рутинско ускладување на фактичката со реалната состојба не можеше да помине без „наши финти”. Имено, претходниот девизен ценовник за патарините во Србија беше пресметан на основа на курсна листа од ноември 2014 година, кога еврото чинеше 120,4 динари. Сега тоа веќе подолго време се менува за околу 118 и нешто малку динари. Според претходно воспоставената практика ускладувањето на девизниот ценовник за наплата на патарината требаше да се врши кога официјалниот курс ќе се промени за плус/минус три отсто, но тоа сега не е случај бидејќи отсега па натаму дозволеното отстапување е плус/минус еден отсто, но дополнето со одлука со која се дефинира заокружувањето на цената за странците која е изразена во евра слично како кај нас – вредноста од 0,01 до 0,49 евра се заокружува на 0,5 евра, а од 0,51 до 0,99 на едно евро. Така, и покрај минималното поевтинување на еврото во Србија, ние ќе плаќаме исто така минимално, но сепак поскапи патарини.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER