Mazda CX-8 (со видео) :: Европските поклоници на Mazda незадоволни

Европските поклоници на Mazda незадоволни

Кросовер е, дизел, има 7 седишта но не се нуди во Европа
Објавено на 16 февруари 2018 година

Mazda со еден потег успеа да ги испровоцира своите европски поклоници. Имено, лани во Јапонија беше претставен моделот CX-8 за кој тогаш беше кажано дека е наменет само за домашниот пазар. Вака срочената вест ќе поминеше сосема незабележано во Европа да не беше овој модел споменат уште еднаш и тоа токму во моментите кога се најавуваше настапот на марката на женевскиот салон на автомобилите. А неговото споменување беше дека ќе биде Mazda CX-8лансиран на австралискиот пазар, додека за Европа немаше ниту збор. За да работите бидат појасни треба да кажеме дека се работи за кросовер со 7 седишта. Иако од Mazda го споредуваат со поголемиот CX-9, тој всушност е продолжена верзија на компактниот CX-5. Плус на сé, единствена погонска опција со која доаѓа е 2,2 литарскиот дизел со 190 коњи. А бидејќи токму тоа е она што европските купувачи го сакаат, нормална беше нивната незадоволна реакција.

Mazda CX-8 има должина од 4,9 метри и меѓуоскино растојание од добри 2,93 метри. Опремена е со сета модерна технологија на марката, а купувачите можат да бираат меѓу верзиите со погон само на предните или на сите четири тркала. Трансмисијата и во двата случаи е автоматска со шест степени. Проекциите за неговата продажба во Јапонија се движат околу 1.200 возила месечно, по цени кои започнуваат од 24 илјади евра. Лани во Европа Mazda продаде 60 илјади примероци од CX-5. Цената се разликува од пазар до пазар, но насекаде е поголема од онаа на CX-8 во Јапонија.

Mazda CX-8

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER