Италија и сојузниците од ЕУ го критикуваат ЕУРО 7
Италијанскиот министер за транспорт смета дека Еуро 7 е „очигледно погрешен“ и не е корисен од еколошка гледна точка.
Италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини изјави дека Италија и нејзините сојузници во Европската унија можат да ја блокираат регулативата Еуро 7 која ги заострува границите за штетните емисии на возилата, вклучително и азотни оксиди и јаглерод моноксид. Земјите од ЕУ и пратениците оваа година треба да преговараат за предложената легислатива, дизајнирана да се применува на автомобили и комбиња од јули 2025 година и на автобуси и камиони две години подоцна.
Предложената регулатива Еуро 7 е „очигледно погрешна“ и не е ни корисна од еколошка гледна точка, изјави италијанскиот министер за транспорт. Италија, заедно со Франција, Чешка, Романија, Португалија, Словачка, Бугарија, Полска и Унгарија, го има потребната критична маса да го блокираат ЕУРО7. Не се само политичарите против овој стандард. Целата мешаница настана откако европските производители на автомобили упатија силни критики на предложените регулативи за емисиите на издувни гасови и тврдат дека нивното воведување ќе биде премногу скапо, самите регулативи се избрзани и непотребни.


