Euro 7 – Брисел олабави!

Регулативата Еуро 7 падна во вода. На сила останува Еуро 6 со построги норми за товарните возила и автобусите

Новата регулатива Еуро 7 за ограничување на издувните гасови требаше да стапи на сила во текот на 2025 година. Според нејзините креатори таа ги намалува границите на емисиите на издувните гасови како што се јаглерод моноксидот и азот оксидот. Голем дел од производителите на автомобили јавно го критикуваа тајмингот и непотребноста за воведување на оваа норма. Главниот мотив беа преголемите трошоци на кои би биле изложени за да ги постигнат регулираните вредности во спротивно со краткото време за исползување на моторите со согорување поради одлуката за нивна забрана во 2035 година. Поради тоа осум земји членки на ЕУ се спротивставија на построгите правила.

Почнувајќи од 1992 година кога ЕУ ја донесе нормата Еуро 1 и од тогаш перманентно ги заострува критериумите. Европските производители на автомобили тврдеа дека Еуро 7 е премногу скап и еколошките придобивки би биле занемарливи. Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, рече дека предлозите ќе доведат до повисоки цени за помалите возила, ограничувајќи ја слободата на движење за посиромашните домаќинства. Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, изјави дека Еуро 7 ја оддалечува индустријата од префрлувањето на потполно електричен погон и ги присилува автомобилските производители да инвестираат во мотори со согорување кои немаат иднина поради забраната која стапува на сила во 2035-та.

Шпанија, која претседава со ЕУ, го претстави нацрт-компромисот пред Советот за конкурентност. Во него роковите за имплементација од средината на 2025 година за автомобили и средината на 2027 година за камионите треба да бидат повлечени. Образложението вели дека Еуро 7 одзема значителен развојен капацитет и потребни се дополнителни инвестиции, покрај оние што веќе се вложуваат во електрификацијата. Со тоа севкупните придобивки што треба да се добијат од предложениот пристап не ги оправдуваат вложувањата. Потегот за ублажување на правилата за емисии доаѓа откако високата инфлација и загриженоста за цената на зелените реформи поттикнаа европска реакција против брзината на транзицијата.

Според францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, ЕУ треба да се откаже од стандардот Еуро 7 бидејќи тоа европските производители на автомобили ќе ги принуди на бескорисни трошоци во клучно време на транзиција. На денешниот состанок министрите на ЕУ попуштија пред аргументите и се согласија да го прифатат предлогот што заеднички го доставија осум земји членки. Тоа значи дека остануваат на сила вредностите пропишани со Еуро 6 стандардот за автомобили и комбиња, но ќе бидат намалени за автобусите и тешките возила. Воедно, ќе се усвојат нови, пониски вредности за честички произведени од сопирачкиот систем и пневматиците.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER