Лани продадени 2,1 милиони, најмногу во Кина
Објавено на 23 јануари 2019 година
Автор: Валентин Станеску
Продажбата на електрични возила во светот лани достигна 2,1 милион примероци, од кои најголем број во Кина. Тамошниот пазар успеа да апсорбира 1,2 милиони електро-автомобили, што е зголемување за 62 отсто. Причина за ова не е високата еколошка свест, туку политиката на кинеската влада да ја намали зависноста на земјата од увозот на нафта и да ги засили домашните производители. Благодарејќи на Tesla Соединетите Американски Држави лани забележаа пораст од дури 86% и електричните возила стигнаа до 360.000 купувачи. Оваа бројка во Европа е безмалку за половина помала, а најдобри пазари за нив се Норвешка и Германија. Со искачување на глобалното учество на новите електрични возила на 2,4 отсто, тие дефинитивно стануваат дел од нашето живеење. Се очекува годинава нивната продажба да се доближи до 3 милиони примероци.