PSA :: Електричните возила на брз колосек

Електричните возила на брз колосек

Групата PSA основа посебна интерна дивизија која ќе се занимава со електричните возила
Објавено на 16 април 2018 година

Групата PSA воопшто не може да се пофали со електрификацијата на својата гама. Покрај електричните верзии на Partner и Berlingo, Peugeot и Citroen под своите ознаки го продаваат и Mitsubishi i-MiEV. Во понуда е и малиот e-Mehari на Citroen, а Opel ги прекина испораките на Ampera-e. Од сите нив заедно со претходната генерација на Ampera, од 2010 година наваму се продадени вкупно околу 35 илјади примероци што е целосно незадоволително. Но тоа наскоро ќе промени – одлучено е да се основа посебна интерна дивизија која исклучиво ќе се бави со електричните автомобили. Пресвртот ќе започне идната година, со цел до 2025-тата вакви возила да се нудат во сите класи и под сите марки – Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxhall. Покрај тоа, новата дивизија ќе биде задолжена и за намалување на емисиите на штетни гасови во производството.

За разлика од конкурентите, во групата PSA досега не полагаа многу надеж во развојот и производството на електрични автомобили. Напротив, постојат сериозни разлики во мислењата за нив. Новите времиња ги предводи гласот на Opel чии раководни личности во повеќе наврати имаат истакнато дека во тој правец ја гледаат иднината. Директорот на Peugeot пак ги смета електричните автомобили за сосема непотребни. Во Citroen се рамнодушни, а во DS задоволни со хибридните решенија. Во моментов Opel не работи на електрични платформи, а во PSA од 2016-та паралелно развиваат две решенија. Тие треба да бидат основа за неколку различни типови возила. За конкретните детали сé уште е рано. Малку застарените информации споменуваат седум plug-in хибриди и четири целосно електрични возила. Во целата работа ќе бидат вклучени и кинеските партнери од Dongfeng.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER