Електричниот Jaguar ќе доцни (видео)

Поинаку не ни можеше да биде

Eлектричниот гранд турер на Jaguar планиран за оваа е одложен за наредната година. Причините не се објавени но скоро сигурно е дека се последица од хакерскиот напад кој ја парализираше компанијата цел месец. Ниту тестирањата на прототипите не се завршени а засега не се знае ни кога ќе бидат. Она што се знае е дека нарачките за големиот и луксузен автомобил ќе започнат веднаш откако ќе дебитира, а нема многу да се чека ни на испораките. Се знае и дека нема да биде евтин – сите навестувања се дека ќе чини најмалку сто илјади фунти. Од техничките детали е познато дека се проектира со автономија од скоро 700 километри, како и дека ќе има електричен систем кој ќе овозможи батериите за 15 минути да се дополнат за поминување 320 километри.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER